Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ постигна 4 голови, но Хрватска загуби и остана без полуфинале
Карачиќ постигна 4 голови, но Хрватска загуби и остана без полуфинале

Карачиќ постигна 4 голови, но Хрватска загуби и остана без полуфинале

Хрватската ракометна репрезентација за која настапува Игор Карачиќ ги загуби шансите за пласман во полуфиналето на Светското првенство. Избраниците на Червар во еден неизвесен меч, со чудни судиски одлуки загубија од домаќинот на мундијалот, селекцијата на Германија.

Хрватска подобро го започна овој натпревар кога поведе со 3:1, но во следниот период се случи серија на двете репрезентации од по 3:0. Најпрво Германија благодарение на сврзани одбрани на Волф поведоа со 3:4, за Хрватска да постигне три последователни голови и да ја врати предноста од 6:4, со голот на Карачиќ. Во текот на целото прво полувреме и двете репрезентации се менуваа во водство. Не видовме многу голови во првиот дел, одбраните на двете репрезентации беа на своето ниво, како се вели одбраната го добива натпреварот.  По првото полувреме ниту една од селекциите не беше во водство, па резултатот беше 11:11.

Германиците подобор го отворија вториот дел, кога за прв пат имаа водство од два гола, а ја стекнаа и најголемата позитива од три голови. Сепак “каубоите„ не се откажуваа, па постепено ја топеа предноста на Германија и во еден момент стигна израмнувањето за 18:18. Хрватска дури беше и во водство, но германскиот карактер не попушти, повторно видовме резултатски пресврт за водство на избраниците на Прокоп. Во неизвесна завршница, Германија се одлепи на 20:22, Хрватска имаше време само да намали на 21:22, што беше и конечен резултат на овој дуел.

Германија и Франција се полуфиналисти, откако на табелата на едно коло до крајот имаат по недостижни 7 бодови. На 3 и 4. место се наоѓаат Шпанија и Хрватска со по 4 освоени бодови, 5.место е за Бразил со 2 бода, и последното е за Исланд кој е без бодови.

Се наѕираат полуфиналистите и во другата група, откако Норвешка во директен дуел ја победи селекцијата на Шведска. Сега останува за Норвешка да ја победи Унгарија во последното коло, а Данска да го потврди првото место во групата во дуелот со Шведска.