КК Вардар го заврши настапот на Светскиот Куп во Оточац, Хрватска, како претставник и шампион на Македонија во друштво на националните шампиони на останатите кугларски врвни нации.
Задоволството да се биде претставник во најсилното светско кугларско натпреварување го “зачинија” денешните фантастични настапи на Милош Миливојевиќ со 594 и на секогаш мотивираниот вардарец Георг Поп Крстев со фантастични 623 !
Се враќаме задоволни и со уште едно злато вредно интернационално искуство.