Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз од Црна Гора, на натпревар во рамките на ЕХФ Купот. Во С.Ц. Борис Трајковски избраничките на Савевски беа поразени со резултат 21:29.
Долго време ни требаше да го фатиме потребниот ритам на натпреварот, на кој првиот гол го постигнавме дури после десет минути игра. Сепак во еден период од првиот дел стигнавме и до израмнување на резултатот, но со серија на погодоци селекцијата на Црна Гора на полувреме се одлепи на четиро гола разлика (13:9). После десет минути игра во вториот дел, Македонија се врати во игра кога намали на само еден гол негатива, но следеше лош период во нашата игра, противникот поведе и со највисоки шест голови разлика, за на крајот да стигне и до убедлива победа.
Од вардаровите ракометарки, во листата на стрелци се запиша Сара Миновска која постигна два гола, додека во составот беа Коцева и Џатевска.