Со нерешен резултат против Полска, фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години ги отвори квалификациите за пласман во Елитната рунда. Избраниците на Тони Јакимовски одиграа без голови против соодветната репрезентација на Полска.
Македонија имала свои шанси на овој натпревар, кои за жал останале неискористени, иако треба да бидат задоволни од освоениот бод, со оглед дека за противник имавме силна репрезентација.
Играчот на Вардар, Марко Стојилевски го одигра целиот натпревар, додека Симеон Здравковски не влезе во игра. На 10.октомври играме со домашната репрезентација на Ирска, додека на 13.октомври не очекува натпревар против Андора.