РК Вардар 1961 се раздели со уште еден ракометар кој својата кариера ќе ја продолжи на Исланд каде тренер е Стевче Алушовски. Се работи за Томислав Јагуриновски, младиот бек шутер кој доби дозвола од управата на Вардар да направи трансфер во тимот на Алушовски кој се натпреварува во Втората по ранг лига на Исланд.
Вардар од трансферот на Јагуриновски во Тор Акурејри ќе добие обештетување, а ракометарот ќе потпише договор на една плус со опција на уште една сезона. Јагуриновски оваа сезона воопшто и не добиваше шанса да игра во Лигата на шампионите, а во домашниот шампионат имаше одредена минутажа.
Му посакуваме успех во новата средина.