Saturday ,27 November 2021
Последни:
Home > Uncategorized > Нов „бомбардер“ на кадетската екипа на ЖРК Вардар, Миа Маринчов
Нов „бомбардер“ на кадетската екипа на ЖРК Вардар, Миа Маринчов

Нов „бомбардер“ на кадетската екипа на ЖРК Вардар, Миа Маринчов

Во новата сезона, одлично засилување на левата бековска позиција на кадетската екипа на ЖРК Вардар добиваме во  Миа Маринчов. Родена на крајот од 2007 година, млада талентирана девојка пред која се ракометните височини. Со нејзиното пристапување во црвено-црните редови Платон и Папуџиева добиваат одличен ракометар со високо ниво на квалитет и вреден работник за тимот.

243969284_397373295440392_7146797361019459420_n-2

Со ракометната игра започнала да се „дружи“ доста рано, на неполни пет години првите чекори ги имаше во тимот на РК Ново Лисиче Вардар кој беше дел од Академијата на црвено-црните. Последните две години беше дел од тимот на Ѓорче Петров-ЖРК, иако млада таа настапуваше во сите категории, поради талентот имаше прилика да игра во пионерската, кадетската, младинската и сениорската екипа во Супер лигата. Апсолутно во сите имаше забележителна улога па затоа беше ангажирана во нашиот кадетски тим.

Потврда за нејзиниот квалитет е и тоа што се најде на списокот за селекцијата на Република Македонија за девојки од генерацијата родени 2006/2007 година.