Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Листа на стрелци во ЛШ, дури тројца вардарци со ист број на голови на врвот
Листа на стрелци во ЛШ, дури тројца вардарци со ист број на голови на врвот

Листа на стрелци во ЛШ, дури тројца вардарци со ист број на голови на врвот

Ракометарите на Вардар 1961 отворија одлично на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите. По нерешениот резултат кај Елверум, вардарци ги добија домашните дуели против Мешков Брест и Алборг и со тоа најавија дека оваа сезона ќе бидат доста опасен тим од сенка, посебно на домашен терен, каде е многу тешко да се земат бодови. Покрај двете победи во низа на домашен терен, во среда одново Вардар ќе игра пред својата публика, овој пат против секогаш незгодниот тим на Монпелје од Франција.

Како што рековме, минаа три кола досега во Лигата на шампионите, па погледнете ја топ-5 листата на стрелци кај ,,црвено – црните”. Интересно, дури тројца ракометари имаат ист број на голови.

Тимур Дибиров 14
Кевин Њокас 14
Жереми Тото 14
Оливие Њокас 13
Куни Моралес 12