Репрезентативната пауза Вардар ќе ја искористи да одигра контролен дуел и со тоа што е можно да ја подобри играта пред важните натпревари кои доаѓаат во следните 15-сетина дена.
Утре вардарци на Тренинг комплексот во Хиподром ќе го пречекаат прволигашот Борец од Велес. Овој натпревар ќе биде добра подготовка и одмерување на фудбалските сили на овие две екипи, слични по фудбалски квалитет во овој период од сезоната.
Дуелот на Вардар и Борец утре, ќе стартува со почеток од 13.00 часот. Глигоров нема да може да смета на младиот Николов, кој има обврски со младата репрезентација на Македонија.