Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Македонија У19 одигра без победник против Турција, Грегори Давков беше стартер
Македонија У19 одигра без победник против Турција, Грегори Давков беше стартер

Македонија У19 одигра без победник против Турција, Грегори Давков беше стартер

Македонија У19 одигра со нерешен резултат (1:1) на првиот контролен натпревар со соодветната репрезентација на Турција.

Двете репрезентации имаа свои шанси, по една успеаа да ја претворат во погодок. Головите паднаа во вториот дел од натпреварот, најпрво противникот поведе со 0:1, додека Македонија со голот на поранешниот вардарец, Бесар Гуџуфи, успеа да го израмни резултатот на 1:1, кој беше и конечен на натпреварот.

Грегори Давков одигра цел натпревар, додека на клупата за резерви беа Гоце Јовчев и Филип Ѓоргоски, кои ќе бараат шанса за минутажа на следниот натпревар на овие две репрезентации, кој на програмата е  на 11.октомври.