Вечерва со почеток од 18:00 часот во С.Ц. Јане Сандански, Вардар е домаќин на тимот на Металург, во рамките на 6.коло во ракометната Супер Лига.
Црвено-црните се големи фаворити за победа, се друго би претставувало големо изненадување на овој натпревар. За судии се делегирани Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски, додека делегат ќе биде Камер Металари.
Вардар има максимални пет победи од исто толку натпревари, додека Металург е на долниот дел на табелата со само една победа. Овој натпревар ќе биде само загревање за момците на Вујовиќ, во пресрет на дуелот од Лигата на Шампионите против екипата на Монпелје.
Стрим од натпреварот можете да погледнете на линкот, ТУКА.