Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар и Комбат 87 на гостување во Пробиштип кај Пробаскет
КК Вардар и Комбат 87 на гостување во Пробиштип кај Пробаскет

КК Вардар и Комбат 87 на гостување во Пробиштип кај Пробаскет

КК Вардар по првото коло и победата над Ангели во второто пролетно коло гостува кај Пробаскет . Пробиштип е дестинацијата на која кошаркарите и навивачите од Скопје во Сабота ќе гостуваат . На првиот меч во малата сала во С.Ц. Кале Црвено-Црните издвојува убедлива победа со 36 поена разлика со резултат 93-57 .  По повод ова гостување и навивачката група на Кошаркарскиот Клуб Вардар Комбат 87 излезе со следново соопштение :

Третата лига не е шала, квалитетот е огромен и затоа го носи епитот на НБА лига. Во сабота играме тежок натпревар со екипата на ПРОбаскет составена од искусни и професинални НБА играчи. Нашиот тим напорно вежбаше и воигруваше тактики и сите ние очекуваме победа. За да допринесеме да овој НБА спектакл биде голем одиме за Пробиштип!!!
ЗА ВАРДАР, ЗА ЧЕСТА КОМБАТ 87
По враќањето од Пробиштип продолжуваме со саботниот ултра ден во Скопје на натпреварот од лигата на шампиони Вардар против Динамо. Напомена изгледа ќе пропуштиме прво полувреме или само дел од првото полувреме, како и да е нашата поддршка ќе ја има.