Вчера во малата сала при Спортскиот центар „Кале“ екипата на Вардар во лигата за млади кошаркари до 14 години ја пречека екипата на КК Феникс. До победата дојде црвено-црниот тим предводен од Жарко Лазаревски.
Иако вардаровиот тим М14 беше значајно ослабнат поради неиграњето на неколку стандарни играчи, сепак на крајот дојдовме до победа. Одигравме борбено, агресивно и постојано го котролиравме дуелот. Победиве со високи 32.поени позитива. Победата дојде со резултат 86-54.