Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор без бодови од средбата со РК Охрид
Вардар Јуниор без бодови од средбата со РК Охрид

Вардар Јуниор без бодови од средбата со РК Охрид

Вардар Јуниор вчера беше домаќин на РК Охрид 2013 во рамки на плеј-аут сегментот од лигата. На дуелот кој се одигра во Јане Сандански противникот победи со 26-36.

Дуелот почна со водство на гостиот кој отвори со почетен гол, ние преку Стефан Крстевски вративме и изедначивме на 1-1. Од тој момент па се до 8-8, се играше гол за гол, двата тима постојано беа околу резултатската симетрија. Потоа дојде пад во играта на црвено-црниот млад сениорски тим. Високи 0-5 во серија охриѓани успеаа да остварат предност  и поведоа со 8-13. Ние малку се соземавме па во финишот намаливе на   15-18, гостинот со еден гол пред крајот отидоа на одмор со  15-19.

Вториот дел  започна со игра која ја контролираше ривалот, тие од минута во минута успеваа да ја зголемуваат предноста се до двоцифрена, 17-27. Тука се беше решено, немавме веќе шанси за ништо повеќе. Успеавме единствено до крајот да парираме, па на девет гола на ривалот одговоривме со иста мерка. Поразени бевме со резултат 26-36.

Кукуловски Дејан беше најефикасен во црвено-црниот табор со седум гола, пет гола беа дело на Крстевски Стефан.