Женскиот ракометен тим и машкиот ќе ги бранат ланските Куп-круни на почетокот на идниот месец во Кумано. По повод 90-годишнината од формирањето на ЖРК Куманово, како и 500-годишнината од основањето на град Куманово, Ракометната федерација му ја додели организацијата на овој град на завршните турнири во Купот во двете конкуренции. Истиот ќе се игра од 9 до 11 мај.
Федерацијата со ЖРК Куманово и со поддршка од Општината ќе биде организатор на шест натпревари во три дена. Кај дамите, покрај црвено-црните дами, на Ф-4 се и домаќинот Куманово, Металург и тимот на Стружанка. кој е изненадување во Женската лига. Во машка конкуренција ќе играат, бранителот на трофејот, Вардар, Металург, и двете екипи кои играат одлично оваа сезона, Еурофарм Работник и Бутел.