Вчера во големата сала „Кале“ тимот на ТФТ го пречека КК Вардар М18, во еден одличен дуел ние победивме со пресврт во вториот дел со резултат 60-76.
Првиот период го доби ТФТ, по 10.минути кошарка тие водеа со 20-16 на оваа средба, продолжија да ја одржуваат предноста и на полувреме замина со 12.поена позитива. За време на паузата на семафор во салата „Кале“ беше 37-25. Вардаци одиграа брилијантно во 3тиот период, дозволија само 11.поена на домаќинот, а погодија 27.поена во нивниот кош за целосен пресврт и водство пред последната четвртина со резултат 48-52. Победата дојде со 16 поена повеќе, ние на полувреме имавме негатива од 12, а победивме со 16.поена, односно во вториот дел бевме подобри за неверојатни 28.поена, крајниот резултат со кој триумфиравме беше 60-76.
*Видео до натпреварот може да погледнете ОВДЕ!