Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Кадетите врзаа две победи, совладан тимот на Македонија ЃП во гости
Кадетите врзаа две победи, совладан тимот на Македонија ЃП во гости

Кадетите врзаа две победи, совладан тимот на Македонија ЃП во гости

Кадетите на РК Вардар 1961 дојдоа до втора победа во низа,    во натпреварите во Групата-В од кадетската конкуренција.  Гостуваа кај  екипата на PK Македонија Ѓорче Петров на средба од 8.коло, избраниците на Пепи Манасков на овој натпревар победија со 14.гола повеќе, односно со резултат 20-34.

Уште на самиот почеток на средбата која се одигра  во салата „Кочо Рацин“ имавме доминација и отворивме со предност, по 20.сетина минути ракомет веќе водевме со високи осум гола, односно со резултат 5-13. Со исти ритам продолживме и во финишот на овој прв период, успеавме да ја надминеме двоцифрената граница, на одмор заминавме со 11 гола повеќе, односно со резултат 8-19 кој самиот покажуваше  дела на оваа средба нема дилема околу бодовите, единствено отворено прашање беше висоната на крајниот резултат.

Вториот дел не донесе ништо различно до првиот период, иако кормиларот на оваа селеција Пепи Манасков на овие средби неможе да смета на неколку повредени момци сепак тимот фунционира без прекорно. На средината од вториот период веќе отидовме на 14.гола позитива при резултат 14-28 за нас. До крајот се беше формалност, се играше гол за гол на двете страни, ние ја задржавме предноста од 14 гола и победивме со резултат 20-34.

Со по шест гола во мрежата на ривалот први стрелци беа, Наум Тасески и Давид Младеновски. Тројца момци имаа по четири гола: Димитријевски Дамјан, Матеј Трајановски и Давид Апостолидис, три гола беа дело на Мартин Тодоровски, по два пати успешно стрелаа: Марио Стојановски, Алек Алексовски  и Андреј Петрушевски. Ѓорѓи Спасовски натпреварот го заврши со еден погодок.