Екипата на РК Вардар вечерва ќе го одигра последниот натпревар во групната фаза од Лигата на Шампионите. Противник ни е Елверум, дуел кој нема резултатско значење за црвено-црните со оглед дека веќе се пласирани во осмина-финалето.
Без оглед на ваквите околности, навичката група Комити повика на масовно присуство, за да се прослави уште една Европска пролет. Натпреварот се игра со почеток од 20:45 часот.
Пласирани во 1/8 финале поради причини надвор од спортот, но со победа на последниот дуел во групната фаза ќе бидеме и морални победници. Нема да оставиме простор некогаш да ни префрлат, затоа што самите знаеме како е да се биде обесправден на “зелена маса” наместо со игрите на теренот.
Затоа ве повикуваме во сала, за чист образ, иако и без тоа ни е таков.
По поминатиот фудбалски викенд без да ни биде овозможено да бидеме покрај Вардар на трибина, прилика да се собереме и заедно да прославиме уште една Европска пролет, и елиминациска фаза !
Зошто да не се надеваме на чуда?
Комитска трибина: 100 денари, се вели во соопштението на официјалната страна на Комити.