Натпреварите во СЕХА-лигата ќе бидат прекинати за одреден период, така се вели во соопштението кое го изнесоа челните луѓе на ова натпреварување.
Сите натпревари од СЕХА Гаспром лигата во сезоната 2021/22 се одложени до дополнително известување, со цел да се заштити регуларноста на натпреварувањето. За сите дополнителни промени и ажурирања, сите заинтересирани ќе бидат навремено известени.
Вардар на 22.март на домашен терен требаше да ја пречека екипата на Војводина, но овој натпревар нема да се одигра во планираниот термин.