Вчера екипата на Вардар М12 се сретна со тимот на КК Феникс во дуел кој го одлучуваше патникот помеѓу четирите најдобри екипи во земјава во оваа генерација. Станува збор за најмладата екипа на црвено-црните која се натпреварува и е составена од момци родени 2007 и 2008 година.
Ние доминиравме целосно на оваа средба, квалитетот дојде до израз, победата беше остварена со дури 45.поена позитива. Вардар М12 победи со резултат 83-38 со што си закажа средба со тимот на КК Куманово. Натпреварот од Ф-4 сегментот се игра денес, недела, 9.јуни.