Вчера во организација на РК Текстилец, во родниот град на свечен прием беше дочекан ракометарот на РК Вардар, член на шампионската генерација и освојувач на „Европската лига на шампиони“, штипјанецот Мартин Поповски. Европската титула беше причина повеќе од 100-тина дечиња да го поздрават својот идол, да се фотографираат и земат автограм.
Во своето пригодно обраќање пред присутните Мартин Поповски не го криеше задоволството од приемот и упати јавна благодарност до матичниот клуб Текстилец за севкупниот придонес во неговата кариера, а посебна благодарност упати до првиот тренер, професорот Павле Тодоров.
Со свој говор, честитки и благодарност на Мартин за афирмацијата на штипскиот ракомет упатија и претседателот на клубот Влатко Двојаковски и тренерот Павле Тодоров.