ШАМПИОНИИИ…тие се родени под шампионска ѕвезда. Оваа пролет наредија во сите конкуренции 16 победи од 16 меча. Денес на најголемиот “тест“ кадетското финале пионерките на ЖРК Вардар се издигнаа и го совладаа Металург. Тимот на Платон и Папуџиева кој е пионерски состав по пионерската лига завладеа и со кадетската. Нема епитетни кои не ги заслужија денес. Лавиците владеаат со женскиот пионерско/кадетски ракомет суверено во целост.
Тргнавме фајтерски на почетокот, поведовме со 1-4. Потоа умно во целиот прв период игравме игра гол за гол. Противникот немаше решение за нашите девојки, на одмор заминавме со тие три гола повеќе. Односно со резултат 7-10.
Ја посакувавме титулата, сепак повозрасниот ривал тргна на се или ништо во вториот дел. Ја нападнаа нашата предност, атакувајќи постојано на неа. Ние одигравме храбро, „машки“ и одолејавме на притисокот. Победата за титула дојде со резултат 32-31.
Кај нас дури 9 пати стрелаше Мила Пешиќ, по пет гола имаа Борјана Коцева и Бојана Радевска. Равојска имаше 4 гола, три погодока имаше Бојана Коцева. Сепак победи тимот, ние во сите линии бевме брилијантни.
Покрај титулата за пофалба ни се и поединците кои ги собраа дел од наградите. Зимското засилување, Сара Стефаноска е најдобар играч на Ф-4. Во идеалниот тим има место и за Борјана Коцева, девојката која оваа пролет има најголем напредок во играта. На самиот Ф-4 блесна и Бојана Радевска и заслужено се најде во идеалниот состав.