Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар поразен во Битола
КК Вардар поразен во Битола

КК Вардар поразен во Битола

КК Вардар гостуваше во Битола кај тимот на КК Пелистер, домаќинот беше поспешен на резултатски план.

Уште во првиот период, стана јасно дека Вардар нема таков ростер со кој ќе може да му парира на онј кој го има битолскиот прволигаш. Реализираа „пелистерци“ 31.поен, примија само 18, за повеќе од солидна позитива пред она што следуваше во другите 30.минути.

Добра прилика и за тренерот Дарко Радуловиќ, да им даде шанса и на оние играчи кои имаа(т) минутажен простор. Оттука сите 11 кошарари на Пелистер го запишаа своето презиме во официјалната статистика.

Макар што најголме број на индексни поени „заработи“ репрезентативецот Андреј Маслинко, вкупно 35 (26.поени, 9.скока и 4.асситенции), доволни да конкурира и за играч на ова 9. коло.

Освен него „двоцифрени“ беа и Лука Стојановски (18), Мијовиќ 14, Борјан Стојановски (13), Хот и Планиниќ по 10.

За враќање на „зелено-белите“ на делба на втората позиција на табелата. Кај Вардар, Атанасов запиша 15, а Наков уште 11.поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

Пелистер – Вардар          116:74

Охрид – Феникс 2010 (во тек)

Гостивар – Навико Академија ФМП  90:92

Кожув – Работнички        84:90

Еуро Никел 2005 – ТФТ Моцарт          66:65

МЗТ Скопје Аеродром – Чаир 2030 91:58

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 17, Пелистер 15, Еуро Никел 2005 15, Работнички 15, Чаир 2030 15, ТФТ Моцарт 14, Гостивар 13, Феникс 2010 12 (-1), Вардар 12, Кожув 11, Навико Академија ФМП 11, Охрид 9 (-1)