Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар гостува кај Академија ФМП
Вардар гостува кај Академија ФМП

Вардар гостува кај Академија ФМП

По седум кола од сезоната 2019/2020, во Првата сениораска кошаркарска лига КК Вардар има скор од една победа и шест неуспеха. Во ова 8.коло гостува екипа со идентичен скор, тимот на Академија ФМП.

Црвено-црните избраници на Радуловиќ задутре, во сабота (23/11/2019),  ќе играат гостински дуел во салата „Независна Македонија”  во  Скопје. На мечот кој започнува во 18-00 часот, кошаркарската правдеа ќе ја делат: Митровски З. Цветаноски  и В. Јанков.