Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ги продаде билетите за САМО ТРИ ДЕНА
Вардар ги продаде билетите за САМО ТРИ ДЕНА

Вардар ги продаде билетите за САМО ТРИ ДЕНА

Управата на Европскиот првак Вардар успеа да ги продаде билетите за дуелот на Вардар и Веспрем за неполни три дена.

Ова значи дека Вардарци ќе имаат силна поддршка на последниот натпревар пред својата публика за оваа календарска година. Во Скопје доаѓаат Штербик, Борозан, Манасков, играчи кои и те како знаат како е да се игра пред полна сала и навивачи како што се Комитите.

Инаку, ова нема да биде се, управата на Вардар ќе пушти и дополнителни билети кои ќе бидат за стоење, а нивната цена ќе изнесува 150 денари.

Дуелот на Вардар и Веспрем се игра на 1 декември во Скопје од 17.00 часот.