Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЕСЕНСКИ ПРВАК! Пионерките на Вардар дојдоа до висока победа на дерби гостувањето кај Аеродром
ЕСЕНСКИ ПРВАК! Пионерките на Вардар  дојдоа до висока победа на дерби гостувањето кај Аеродром

ЕСЕНСКИ ПРВАК! Пионерките на Вардар дојдоа до висока победа на дерби гостувањето кај Аеродром

Во дербито на двата  најдобри тима досега во пионерската конкуренција, Вардар како гостин успеа да ја совлада екипата на РК Аеродором. „Лавиците“ дојдоа до директна и висока победа со ривалот, тие осмиот успех во ова 8.коло го запишаа со резултат 11-21(4-9).

a5

Тргнавме фуриозно на почетокот, веднаш им покажавме кој е кој во оваа група. Отворивме со одлична одбрана, Ѓорѓиевска не даваше да биде совладана во воведната половина од првиот дел. Тоа беше наградено во напад со дури шест гола за наша предност 0-6. До крајот на првиот дел се беше рутинирано, одигравме гол за гол, двата тима постигнаа по три гола за резултат 3-9. Домаќинот успеа да погоди за 4-9, резултат кој се замина на одмор.

a4

Вториот дел започна со по еден гол на двете страни за почетни 5-10. Потоа слично како на почетокот од првиот дел, нашата одбрана беше на ниво, нововлезената Христова на нашиот гол не беше совладана се до 5-15, ние поведовме со десет гола и веќе се беше одредено околу победникот на оваа средба. Умешно се изврши ротација на тимот од клупата, се задржа  ритамот и двоцифрената предност ние победивме со 11-21.

a2

Пионерките на Вардар по овој дуел веќе се „Есенски шампионки“ тие имаат шест бода предност по ова предпоследно коло. Сосема заслужено дојдоа до оваа позиција, она што радува е што Платон многу умешно даваше шанса оваа есен на сите девојки, сите кои се во составот фунционираат како еден тим, тоа често се пресликува и кај личните постигнувања на крајот.

a-2

На оваа средба доста добро се дозираше со составот, па четири девојки имаат по три гола: Коцева Бојана, Пешиќ Мила, Мила Крагељ и Тошевска Магдалена. По два пати погодија Коцева Борјана и Равојска Јана.