Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Металург се спаси за „влакно“ Вардар Јуниор не реализираше напад за израмнување
Металург се спаси за „влакно“ Вардар Јуниор не реализираше напад за израмнување

Металург се спаси за „влакно“ Вардар Јуниор не реализираше напад за израмнување

Вардар Јуниор беше на „прагот“ на големо изненадување, во дуелот со фаворитот Металург. Во малата сала на С.Ц. Јане Сандански на меч од Супер-лигата, гостинот од Автокоманда победи со минимални 31:33.

Марко Кизиќ беше на голот на Вардар Јуниор, кој веднаш започна со одбрана, откако Металург не успеа да го искористи својот прв напад, додека црвено-црните реализираа со погодокот на Стефан Крстевски. Момците на Петрушевски во најголем дел од првото полувреме имаа предност, која во еден момент изнесуваше и четири гола позитива. Со головите на Стефан Чакалиќ одржувавме водство од еден гол разлика, а откако Кизиќ одбрани пенал, во следниот напад Јуниор реализира преку пикерот Атанасовски, за предност од 4:2. Иако помлади, дававме силен отпор на противникот, кој тешко ја пробиваше нашата одбрана до средината на првото полувреме. Во 9.минута откако погоди повторно Чакалиќ за прв пат имавме водство од 6:3, додека при резултат 7:4 беше побаран тајмаут од страна на Зоран Кастратович, предводник на Металург. Сепак, Вардар Јуниор играше одлично во овој период, откако одбранивме нов напад, Стефан Атанасовски успева да го совлада противничкиот голман, за 8:4, додека Чакалиќ не успева да погоди за плус пет, односно голманот, Даниел Ѓоргески го одбрани ударот. Во 12 минута, Металург успева да намали на 8:6, но веднаш враќа Стефан Крстевски за водство од 9:6. Во продолжение од мечот следи лош период во нашата игра, кога долго време не успеавме да постигнеме гол, а гостинот од Автокоманда немилосрдно казнуваше, направи серија од 0:5 и поведе со 9:11, период во кој ние игравме со играч помалку на теренот, а примивме и два гола на празен гол. Сепак успеавме да се вратиме во игра, постигнавме два последователни голови и преку Атанасовски израмнивме на 11:11. Металург се одлепи на 11:13, но Кизиќ со нова одбрана не дозволи да имаме најголема негатива од три гола. Затоа ние погодивме повторно преку организаторот на играта, Крстевски, додека Атанасовски беше играчот кој го постигна последниот гол во првиот дел, за резултат 14:15 на полувреме.

77083078_10158703118145348_5281657223901085696_n

На стартот на вториот дел, Металург повторно имаше два гола предност, но Вардар Јуниор одржуваше неизвесност , најпрво намали преку Крстевски, за Кизиќ со нова одбрана да се истакне на голот, што беше наградено од Кукуловски кој погоди за 18:18. И по 43 минути игра, Вардар Јуниор даваше голем отпор, а Металург не успева да направи поосетна предност, ние преку Ќосевски реализираме седмерец за нерешени 21:21. Направивме две технички грешки, кои противникот ги казни, па за прв пат на овој дуел поведе со три гола 22:25.  Имавме можност да намалиме на два гола, но не успеавме да реализираме напад, затоа Металург казни за предност од четири гола, на осум минути пред крајот. Крстевски ги одржуваше шансите за изненадување, откако со гол од седум метри намали на 27:29. Нова „бомба“ од Кукуловски, погодок со кој намаливме на 29:30 на четири минути пред крајот, се уште постоеше надеж за освојување на барем бод од мечот. Браво за Кизиќ кој успева да одбрани зицер удар на Металург, кој не реализира за плус два. Кукуловски донесе израмнување, но бргу врати Металург за еден гол предност. Имавме напад за израмнување, но неправивме техничка грешка, останаа уште 15 секунди во кои противникот погоди за конечни 31:33 на овој дуел од ракометната Супер-лига.

Најефикасни во тимот на Вардар Јуниор беа Крстевски со осум и Кукуловски со шест гола.