Летонскиот репрезентативец Даинис Кристопанс им се врати на тренинзите и утре ќе патува со екипата на Вардар на гостувањето кај Мешков Брест, која е претпоследен натпревар во Л.Ш за оваа календарска година.
Десниот бек на Европскиот шампион вчера тренираше индивидуално, додека пак денеска со целата екипа, што е знак дека најдобриот играч ќе биде подготвен за настап против својот екс тим, Мешков Брест.
Кокшаров во овој момент мака мачи со составување на бековска линија, па играњето на Кристопанс и Дисингер ќе биде повеќе од голема помош на традиционалното тешко гостување.
И за овој натпревар во „аут” остануваат Толедо и Горбок.