Во сабота не очекува дербито помеѓу Вардар и Шкендија, во рамките на 11 коло во младинските фудбалски лиги. Пионерските екипи гостуваат во Тетово, додека кадетите и младинците на теренот во населбата Јане Сандански се домаќини на екипата на Шкендија.
Помладите пионери после десет одиграни кола не знаат за пораз, па очекува така да биде и на гостувањето во Тетово. Ова ќе биде втор меѓусебен дуел на овие екипи сезонава, а првиот меч во оваа генерација одигран на теренот на Академијата заврши со поделба на бодовите (2:2). Стрелец на двата гола за Вардар на споменатиот меч беше Бесар Гуџуфи. Вардар има четири бодови, но и натпревар повеќе од екипата на Шкендија.
Пионерите на Вардар ќе се обидат да стигнат до вториот триумф во меѓусебните мечеви со Шкендија. Првиот дуел кој го одигравме на домашен терен му припадна убедливо на Вардар со резултат 5:0. Во оваа категорија, екипата на од Тетово слабо котира на табелата, на десет одиграни меча имаат половичен скор од пет победи и исто толку порази. Вардар е втор на табелата, има забележано осум победи и два порази.
После пауза од една недела, порази настапот на селекцијата до 19 години, на настапите се враќаат и кадетите и младинците. Тие на домашен терен го пречекуваат лутиот ривал. И двете вардарови екипи ги загубија првите дуели одиграни во Тетово и тоа со убедлив резултат, па сега ќе бараат реванш на домашен терен. Шкендија е лидер на табелата во двете лиги, во кадетската супер лига има три бодови повеќе од Вардар, додека во младинската лига, Вардар заостанува девет бодови во однос на противникот.
Мечевите во сабота, во Скопје и Тетово, ќе стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот.