Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар атакува на брзо враќање во елитата
КК Вардар атакува на брзо враќање во елитата

КК Вардар атакува на брзо враќање во елитата

По три години во највисокиот ранг, поранешниот освојувач на Купот на Македонија повторно ќе настапува во Втората лига, но тоа воопшто не ги обесхрабрува челниците на клубот и стручниот штаб.

На 30 август, Вардар ќе ги почне подготовките за новата сезона во која ќе се обиде да се врати меѓу најдобрите во земјава, а составот со кој ќе се бори е речиси комплетиран. Ангажирани се шест нови кошаркари: Милорад Миновски и Блажо Митков од Ангели, Стефан Донаковски од Партизан Водно Санс, Мартин Ѓорѓиевски од Куманово, Марко Пецановски од Гостивар и Ервин Цого од Швајцарија, а останаа четворица од составот од минатата сезона: Игор Ивановиќ, Хусеин Бајрам, Данаил Иванов и Виктор Ташовски кој ќе настапува на двојна регистрација од ТФТ.

Планирано е да бидат вклучени уште 3-4 играчи од младинскиот погон кој е еден од најуспешните во Македонија последните години. Освен тоа, во тек се преговорите со уште двајца прволигашки кошаркари со што Вардар ќе биде најсериозен фаворит за првото место во Втората лига.

Тренер на екипата останува Александар Јованчев за кого ова ќе биде втора сезона на кормилото на „црвено-црните“ откако лани го замени Дарко Радуловиќ.