Во вторник, со почеток во 20-00 часот, хрватскиот и македонскиот шампион, ППД Загреб и PK Вардар 1961 ќе го играат реваншот од четврт-финалето во СЕХА лигата.
На реваншот во Загреб ќе има поддршка од трибините бидејќи во салата „Сутинска врела“ ќе биде дозволено да има публика, но доколку гледачите поседуваат ЕУ дигитални сертификати. Капацитетот на салата е 1300 гледачи, а со оглед на тоа што не е наведено дека има ограничено присуство тогаш се очекува натпреварот да се игра пред речиси полни трибини.