Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: Дибиров 5-ти стрелец, Томовски на 3.место

СЕХА: Дибиров 5-ти стрелец, Томовски на 3.место

Вардар го одигра првиот 1/4-финален дуел во СЕХА лигата и го совлада  ППД Загреб во Јане Сандански со 24-20, па со 4.гола предност заминуваме на гостувањето во Хрватска. На официјалната страница на СЕХА лигата, во две категории во топ-5 листите се играчи на Вардар.

Кај стрелците, Тимур Дибиров со 38.погодока во оваа сезона од регионалната лига се наоѓа на 5та позиција на листата на стрелци. Кај голманите, дебитанот за нас голманот Томовски Мартин на листата на сопрени удари изразена во проценти веќе по првиот настап се пласираше на 3-та позиција. Тој со 37% одбранети удари има исти скор како и Матеј Ашанин од Загреб кој е на позицијата пред него само пради поголемиот број на настапи во регионалното натпреварување.