На програмата во втората по квалитет кошаркарска сениорска лига во Македонија, викендов се одигра 22.коло односно последното од регуларниот дел од сезоната. Избраниците на Алексадар Јованчев во оваа 22.рунда беа домаќини на тимот на КК Охрид кој доаѓа од истоимениот град ние дојдове до победа на оваа средба.
На една борбена средба без голема ефикасност до победата дојде нашиот тим со осум поена повеќе. На мечот кој се одигра малата сала при Спортскиот центар “Кале“ триумфиравме со резултат 68-60.
По крајот на регуларниот дел лидер на табелата е Чаир 2030, ние сме второпласирани, на 3.позиција дојде Борец Баскет кој оваа пролет е во налет, а на четвртата екипата од Штип, КК Соколи 1933.