Викендов на програмата во втората машка сениорска кошаркарска лига се играше 21.коло, во истото избраниците на Александар Јованчев гостуваа кај лидерот на табелата, во скопската населба Чаир.
КК Вардар беше поразен на дуелот кој ќе се играше во салата “Шабан Трстена” -Скопје. Домаќинот успеа да се одлепи уште по првиот дел, имаше едноцифена предност за време на паузата кога водеше со 56-48. Лидерот во вториот период „додаде гас“ и успеа да ја зголеми разликата и победи со 107-87.