Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > „Бронза“ за младинките на Вардар, совладан ЖРК Чаир
„Бронза“ за младинките на Вардар, совладан ЖРК Чаир

„Бронза“ за младинките на Вардар, совладан ЖРК Чаир

Младинките на ЖРК Вардар дојдоа до „бронза“ на завршниот Ф-4 турнир во Куманово. На дуелот во салата „Перо Наков“ девојките го победија Чаир со 37-25.

По киксот во полуфиналето бевме решени да дојдеме до бронза, па отворивме одлично, поведовме со 4-0, а потоа и со 6-1 најавувајќи доминација на оваа средба. Имавме целосна контрола над играта, бувкално на еден нивни гол враќавме со три во нивната мрежа што се одслика на резултаот на полувремето кога имавме три пати повеќе погодоци. За време на паузата беше 21-7 за црвено-црните дами.

По воведните минути отидовме на плус 15, ние поведовме со високи 28-13, се беше решено само едно прашање остана отворено, колкава ќе биде разликата на крајот од дуелот. шанса за настап доби целиот ростер, победата дојде до конечни  37-25, по кој прославивме „бронза“ во младинската лига.

Двете голманки беа одлични, Вероника Ѓорѓиевска и Трајкоска Јована имаа по осум одбрани. Коцева Бојана даде 8.гола, Миновска Сара имаше 7, а пикерот Дамјаноска Катерина стрелаше во 5.наврати.