Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Младите екипи на КК Вардар домаќини на грчкиот Волос
Младите екипи на КК Вардар  домаќини на грчкиот  Волос

Младите екипи на КК Вардар домаќини на грчкиот Волос

Претходните денови, Кошаркарскиот клуб Вардар преку својата школа беше домаќин на грчкиот тим Волос.

Во домот на „црвено-црните“ беа одиграни шест натпревари меѓу кошаркари на возраст од 12 до 15 години во машка и на 14 години во женска конкуренција. Вардар триумфираше на пет од шесте меча, но во преден план од овие натпревари не беа резултатите, туку дружењето меѓу дечињата од Македонија и Грција.

5

Школата на Вардар е мошне активна на меѓународен план последниот период. Покрај дружењето со Волос, кадетската екипа до 30 декември учествува на турнир во Солун.