Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на РК Вардар имаа успешна полусезона
Кадетите на РК Вардар имаа успешна полусезона

Кадетите на РК Вардар имаа успешна полусезона

Кадетите на РК Вардар имаа успешна полусезона, со оглед дека се наоѓаат на второто место на табелата зад екипата на Мулти Есенс. Избраниците на Зоран Петковски одиграа седум натпревари на кои остварија шест победи и еден пораз од лидерот во лигата. Екипата покажа напредок и пред се зрелост кај играчите, кои покажаа победнички карактер.

Сите постигнати резултати на кадетите во есенскиот дел од сезоната во групата А:

1. коло: РК Голден Арт – РК Вардар  34:39

2 коло: РК Вардар – РК Бутел  43:32

3 коло: РК Рисови – РК Вардар  26:28

4 коло: РК Вардар – РК Мулти Есенс  28:29

5 коло: РК Алкалоид – РК Вардар  26:38

6 коло: РК Вардар – РК Аеродром  48:30

7 коло: РК Скопје – РК Вардар  38:41

До крајот на регуларниот дел, Вардар треба да одигра уште два натпревари, против екипите на Кузман Вардар и ЗРК Голден Арт КЛ7. Со оглед дека лигата стартуваше многу касно, овие два натпревари ќе се одиграат на пролет.