Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Максимовска и Радевска најдобри стрелци кај младинките, Ѓорѓиевска со најмногу одбрани
Максимовска и Радевска најдобри стрелци кај младинките, Ѓорѓиевска со најмногу одбрани

Максимовска и Радевска најдобри стрелци кај младинките, Ѓорѓиевска со најмногу одбрани

Младинската екипа на ЖРК Вардар предводена од Александар Царчев оваа есен касно започна со лигата, се одиграа три кола во 2022 година, останатите ќе се доигруваат во пролетниот дел. Во групата-А, вардарки имаат две победи на два меча (едно коло беа слободни),  нашите младинки  постигнаа 65.гола (32,50 просек дадени по дуел), имаат одлична одбрана со само 37.примени гола (18,50.примени по дуел). Први стрелци се две девојки крилото Радевска и бекот Максимовска. Вака изгледа листата на стрелци за есенскиот дел:

1/2. Наталија Максимовска 11 гола
1/2. Бојана Радевска 11 гола

NA

3/4. Нина Попова 8 гола
3/4. Бојана Коцева 8 гола
5. Сара Стефаноска 7 гола
6. Магдалена Тошевска 5 гола
7/8. Борјана Коцева 4 гола
7/8. Теодора Ангелова 4 гола
9. Јана Равојска 3 гола
10/11. Сара Стојанова 2 гола
10/11. Михаела Велјаноска 2 гола

zrk3

Голманките на два дуела збирно имаат одлични 47% одбранети удари, Ѓорѓиевска е поуспешна во досегашниот дел на сезоната со вкупно 20.одбрани или во просек по 10.одбрани на одигран меч, новиот голман оваа сезона Галачева имаше успешна адаптација во тимот и “собра“ 13.интервенции.

1. Вероника Ѓорѓиевска 20 одбрани
2. Марија Галачева 13 одбрани