Многу шампиони, актуели и поранешни, Куп прваци и најдобриот тим во Европа купот ќе дојдат во Скопје, Вардар на едно место ќе ја собере кугларската ЕХ ЈУ елита овој септември.
.
Учесници од пет поранешни републики ќе ги одмерат силите во Скопје. Турнирот, трет по ред ќе се игра на 7.септември во кугларницата „ВИП“ при СЦ „Борис Трајковски“. Интернационален турнир “8-ми септември“ се организира по повод денот на независноста на Република Македонија.
* КК Вардар (домаќин, двократен освојувач на Купот на Р.Македонија)
*КК Мертојак Сплит (Куп шампион на Хрватска, шампион во Европа Купот)
* КК Ревита Б.Љука ( Актуелен Шампион на БиХ)
*КК Калцик Камник (Годинава заврши „бронзен“, Шампион на Словенија во 2017)
*КК Партизан (Шампион на Србија)
* КК Белград (Неколку кратен Шампион на Србија, годинава заврши како вице-првак и двоен освојувач на вардаровиот турнир)