Ракометарите на Вардар ги одработуваат последните тренинзи во Скопје пред заминувањето за далечната С.Арабија на Супер Глоуб, неофицијалното клупско СП.
Новиот тренер на црвено – црните ќе мора со драстично ослабен тим да патува на неофицијалното клупско СП. Капитенот на Вардар, Стоилов, веќе неколку месеци е во аут, а на листата му се придодаде и Де Толедо, кој три месеци ќе биде надвор од терените. Последното засилување на тимот, Калараш исто така нема да може да му помогне на својот тим поради административни причини.
На овие повреди, има и една добра вест. Павел Атман ќе биде подготвен за настап иако ги пропушти последните две пријателски средби во Скопје поради ситна повреда.
Останува да видиме како ќе се покажат новите играчи, пред се Пелко на кој ќе падне голема одговорност во нападот.