Остануваат уште седум дена до стартот на новата сезона во првенството на младинските фудбалски категории, а генерациите на Вардар претстојниов викенд ќе ги одиграат последните контролни натпревари, за проверка на формата.
Кадетите на Вардар на терените на ФФМ ќе одиграат контролка со екипата на Ал Аин од ОАЕ, која се наоѓа на подготовки во Скопје. Мечот е закажан за 17:00 часот.
Помладите пионери на ФК Вардар утре со почеток од 08:30 часот ќе одиграат контролен натпревар со екипата на Форца, на теренот во населбата Јане Сандански. На истиов терен пријателски меч ќе одигра и генерацијата 2005 на Вардар, која за противник ќе го има тимот на Македонија Ѓ.П, мечот е закажан да започне од 10:30 часот.
Во терминот од 08:30 часот, пријателски меч ќе одиграат и пионерите на Вардар кои за противник го имаат тимот на Њу Старс, натпревар кој ќе се одигра на теренот на Академијата.
Активна ќе биде и генерацијата родени 2006 година, која на теренот на Академијата, ќе одигра контролен меч со екипата на Шкендија, дуел кој стартува од 10:00 часот.
Напомена, стартот на сезоната во регионалната-скопска лига е закажан за подоцна.