Како што известија на својата официјална страница од црвено-црниот кошаркарски тим, Дарко Радуловиќ и КК Вардар се разделија. Сега клубот е во потрага по нов тренер за сениорите, дали ќе добие шанса некој од актурлните во екипата останува да видиме. Вардар преку социјалните мрежи ја потврди разделбата, му посака успех на Радуловиќ, во објавата се вели:
Вардар е клубот каде ја заврши играчката и воедно ја започна тренерска кариера.Имаше успеси и шампионска титула во младинската лига, обезбеди враќања во елитата од втората лига како и две сезони опстанок во првата лига. Ти благодариме за се што допринесе во овие изминати сезони за нашиот клуб,за целиот вложен труд и успесите.Ти посакуваме успешна сезона во новиот клуб. Велат дека не треба да се тагува за разделбите,бидејќи повторна средба ќе има за оние кои биле вистински пријатели.
Радуле СРЕЌНО !