Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Поради само еден гол, Никола Величковски не се најде на врвот на листата на најдобри стрелци во регионалната-скопска лига
Поради само еден гол, Никола Величковски не се најде на врвот на листата на најдобри стрелци во регионалната-скопска лига

Поради само еден гол, Никола Величковски не се најде на врвот на листата на најдобри стрелци во регионалната-скопска лига

Генерацијата 2005 на ФК Вардар не беше во можност да го брани трофејот освоен во регионалната-скопска лига од минатата сезона, со оглед дека натпреварувачката 2019/20 сезона беше прекината на стартот од пролетниот дел. Вардарци одиграа вкупно 14 натпревари, на кои имавме скор од 13 победи и само 1 пораз. Во лигата постигнавме вкупно 64 голови, додека во Купот дадовме 16 погодоци. Во лигата, два се авто-голови на противничка екипа, па во продолжение ќе ви ги изнесеме играчите кои успеаа да ги постигнат останатите 76 голови, а како најдобар стрелец се покажа Никола Величковски.

Величковски за само еден гол, заврши на второто место, на листата на најдобри стрелци во регионалната-скопска лига за повозрасните петлиња. Сите играчи кои се запишуваа во листата на стрелци во редовите на Вардар:

1. Никола Величковски  27

2. Филип Јовановски  13

3. Кристијан Антевски  11

4. Горјан Цветков  7

5. Тино Спасиќ  5

6. Ѓорѓи Дошев  4

7. Никола Уневски  3

8. Алексеј Стефановски  2

9. Кристијан Таневски, Стефан Ристовски, Влатко Кулуковски, Давор Серафимов, Александар Каланоски и Лука Јакимовски по 1 гол.