Новиот голман на Вардар, Робин Кантегрел, по примерот на многу интернационалци кои биле дел од Вардар, започна да го изучува македонскиот јазик.
Французинот треба да пристигне во Скопје и полека да се адаптира на новата средина, а стартот на подготовките е закажан за на 18.јули. На својот инстаграм профил, Кантегрел, сподели дел од „лекцијата“ за изучување на македонскиот јазик. Кантегрел, заедно со Кизиќ и Ристовски ќе го сочинуваат голманскиот тандем.