Кошаркарскиот клуб Вардар вчера го одигра треттиот контролен натпревар во овие летни подготовки за престојната сезона, истата започнува за нас следниот викенд на 10.октомври со дуелот против Црн Дрим.
На првите два дуели имавме половичен успех, една победа и еден пораз. Вчера црвено-црниот колектив гостуваше кај тимот на КК Куманово од истоимениот град. Овој натрпевар помеѓу избраниците на Александра Јованчев и сино-белите заврши со резултатска симетрија 75-75. По четвртини гледано двата тима добија по два периода, дуелот се одвиваше вака (23-10, 14-25, 17-14, 21-26)