Стартот на новата сезона во регионалната СЕХА лига е предвиден да стартува на 10.октомври. Челните луѓе на ова натпреварување веќе ги одреди групите во кои екипите ќе се натпреваруваат.
Вардар е дел од групата А во која се уште и екипите на Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Нексе Нашице. Според планот, црвено-црните сезоната треба да ја отворат со гостување во Украина кај екипата на Мотор Запорожје.
Во наредниот период треба да стигне и официјална потврда за натпреварите од 1.коло, како и целосниот распоред за следните дуели.
Вардар нема одиграно официјален натпревар уште од 16.септември, кога во првото коло од Лигата на Шампионите загуби на гостувањето кај екипата на Брест Мешков. Следните натпревари во ЛШ против екипите на Елверум и Пик Сегед беа откажани.