Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Нова висока победа за кадетите на ФК Вардар, совладан и тимот на Еуроспорт
Нова висока победа за кадетите на ФК Вардар, совладан и тимот на Еуроспорт

Нова висока победа за кадетите на ФК Вардар, совладан и тимот на Еуроспорт

Кадетите на ФК Вардар стигнаа до нов триумф на контролните натпревари. Денес на теренот во населбата Хиподром, момците на Филип Иваноски стигнаа до триумф во дуелот со Еуроспорт од Куманово.

Црвено-црните доминираа на овој натпревар кој го добија убедливо со резултат 6:0. По првото полувреме имавме водство од 2:0.

После една одлична акција со пренос на страна и центар шут, Антонио Мирков беше играчот кој со глава го совлада противничкиот голман за водство од 1:0. До крајот на првиот дел, предноста ја зголемивме на 2:0, откако прецизен беше Лео Андрески.

Во второто полувреме продолживме со офанзивната игра, не дозволувајќи на противникот да се закани кон нашиот гол. Следеше период во кој Славче Живков постигна два гола и зголеми на 4:0. Нов гол постигна и Мирков кој ја претрча противничката одбрана, излезе сам со противничкиот голман кој го совлада, за предност од 5:0. До крајот на натпреварот шестти гол во мрежата на кумановчани, дело на капитенот Петар Давидовски, кој погоди од пенал, откако претходно во противничкиот шеснаесетник фаулиран беше Мирков. Конечниот резултат гласеше 6:0 за нашиот состав. Во последните минути од натпреварот удар од белата точка одбрани нашиот голман, Гоце Јовчев.

ФК Вардар: Јовчев, Ѓоргоски, Давков, Трпезановски, Јовановски, Ѓоргиевски, Давидовски (c),Стојчевски, Мирков, Живков и Андрески.