Младинскиот состав на ФК Вардар предводен од Филип Ивановски денес на теренот во населбата Хиподром одигра пријателски натпревар со екипата на Еуроспорт од Куманово. Нашите надежи победија убедливо со резултат 7:0.
По првото полувреме ја решивме работата околу конечниот победник, кога имавме високо водство од 5:0. Во овој дел од натпреварот, Бесар Гуџуфи успеа да постигне два гола, додека во листата на стрелци се запишаат уште и Ерен Парталко, Анатолиј Петејчук и Ринор Исени.
И покрај високата позитива, не застанавме ниту во второто полувреме, кога имавме голем посед на топка. Приодите кон нашиот гол беа целосно затворени, па гостинската екипа немаше некоја сериозна прилика. Избраниците на Ивановски постигнаа уште два гола, кои беа дело на Парталко и Гуџуфи, за конечни 7:0 на овој пријателски дуел.
ФК Вардар: Стојковски, Мицевски, Крстевски, Шабани, Гугуљанов, Салиу, Петејчук, Хасани, Гуџуфи, Исени, Парталко.