Црвено-црните кошаркари денес во рамките од 4-то коло во втората по квалитет кошаркарска македонска конкуренција гостуваат кај тимот на КК Шкупи. Вардарци имаа успешен старт на сезоната и атакуваат на четвртата победа од исто толку одиграни мечеви во втората лига.
Вардар имаше старт како што може да посака со три победи, а за разлика од нив домаќинот има три порази во низа на стартот од кошаркарската сезона. Вардар победи на гостувањата кај Тетекс и Ангели во воведните две кола, а во последното на домашен терен во деби настапот во лигата оствари повеќе од убедлива победа над тимот на КК Академија ФПМ со резултат 76 -37 . КК Вардар го дели врвот со еднаков број бодови со тимовите на АВ Охрид и Водњански Лисици. Нашите момци во досегашниот дел од сезоната ја имаат дефинитивно најдобрата одбрана во лигата со само 177 примени коша што е во просек само 59 по меч и вториот најефикасен напад со 241 поен или во просек постигнати 80,33 поени во нападот.