Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Сара Митова: Прикажавме солидна игра, а за денес ќе се потрудиме да одиграме подобро
Сара Митова: Прикажавме солидна игра, а за денес ќе се потрудиме да одиграме подобро

Сара Митова: Прикажавме солидна игра, а за денес ќе се потрудиме да одиграме подобро

Жрк Вардар Јуниор без поголеми проблеми успеаа да слави на првиот натпревар, во рамките на Челинџ купот, против екипата на Лондон Ејнџелс. Мечот подмина во доминација на нашите ракометарки, кои имаа постојано водство кое само се зголемуваше до крајот. Конечниот резултат гласеше 27:14. Тренерот Симовски им дада шанса за настап на сите ракометарки кои му беа на располагање. Меѓу нив најдобра беше Сара Митова која постигна 9 голови. Денес во истата сала и теремин, е закажан и вториот меч со истиов противник.

-Задоволна сум од прикажаната игра на мојата екипа на денешниот меч, иако сметам дека можеме со уште поголема разлика да го совладаме противникот. Прикажавме солидна игра, а за денес ќе се потрудиме да одиграме подобро. Се надевам дека во вакво силно темпо ќе продолжиме и во следните натпревари наЧелинџ купот, изјави Сара Митова за нашиот сајт.

Звонко Ивановски