Денес со почеток од 16:30 часот ќе продолжи серијата на меѓусебни натпревари на “старите“ познаници во лигата на шампиони. Поранешниот европски првак, екипата на Ѓер ќе биде домаќин на нашиот ракометен шампион.
Првата битка во новата натпреварувачка сезона ја доби Унгарскиот вицепрвак и тоа на наш терен во Ј. Сандански. Тоа беше сигурно еден од најлошите мечеви за Вардарки во ова натпреварување. Ѓер доминираше на тој дуел и на крај сосема заслужено ја однесе победата од Скопје. Полсе тој меч, тргнаа работите на подобро во екипата на Вардар. Следеше “лесно“ гостување, кај исто така поранешен европски првак и еден од најтрофејните женски екипи, тоа беше Хипо од Австрија. Тој натпревар го добивме убедливо, но Хипо не беше вистински противник за одмерување на силите. Вистинскиот тест дали сме го надминале лошиот стар, беа мечевите против Дански Митјиланд. На тие дуели гледавме еден поинаков Вардар, со разновидност во нападот, потоа со цврста и агресивна одбрана која доликуваше за тим како Вардарки. На два пати со голема разлика, го прегазивме противникот и најавивме полека враќање на вистинската форма.
За моменталната проверка на силата и квалитетот на екипата, најсилен противник е сигурно Ѓер. Двете екипи се меѓусебни “стари“ должници. Вардарки ќе бараат одмазда за поразот кој го споменавме во Скопје, а Унгарките за елиминацијата која им ја приредивме минатата сезона во 1/4. Најголема опасност во Ѓер е бековската линија, Суланд-Томори-Аморим и Горбич, дополнети со искусниот пикер Локе. На спротивната страна, ние на голот го имаме двоецот Суслина-Лејно како и нашиот најефикасен играч Андреа Пенезиќ. Вардарки се наоѓаат во добра форма и влегуваме со подеднакви шанси за победа на овој меч. Кој ќе биде подобар во новата “епска“ битка ќе погледнеме денес, со директен пренос на МРТ-1 од 16:30 часот.